Сојата е добар извор на протеини. Таа обезбедува големи количини на висококвалитетни растителни протеини. Во продавниците за здрава храна може да се набави тофу, соино млеко, колачи од соја, тептех.

 

 

Тофу се нарекува и сирење од соја, бидејќи се произведува слично како и сирењето, со згрутчување на протеините во соиното млеко. Поради богатиот протеински состав, тофуто е одлична замена за месо. На пазарот може да се најде свежо тофу, разни намази и мајонез од тофу.Азиското сирење од соја – тофу сè повеќе и кај нас станува дел од омилените јадења. Се користи за мачкање, а вегетаријанците го користат како замена за месо.

Професот Хадемар Банкхофер вели дека тофуто го зајакнува срцето и го намалува ризикот од рак.

Луѓето кои внимаваат на својата телесна тежина со задоволство јадат тофу, а причина за тоа е што ова сирење од соја има малку калории и воопшто нема холестерол. Иако името лесното се помни, малкумина знаат што навистина значи. Доаѓа од два кинески збора „то” за зрно и „фу“ за сирење, бидејќи тофу се прави од зрна на соја.

Тофуто е многу вкусно кога добро ќе се зачини. Зачинетото тофу може да се динста, вари или пржи и да се јаде со зеленчук.

Тофуто како и сите производи од соја позитивно влијае врз здравјето. Докажано е дека тофуто може да го намали високиот крвен притисок и високата вредност на LDL-холестеролот. Тофуто го зајакнува срцето и крвотокот.

Сојата содржи фитоестрогени кои имаат антиканцерски ефекти кога е во прашање ракот на дојката, на простатата, на дебелото црево, на белите дробови и на желудникот. Изофлавоните на сојата го имитираат дејството на тамоксифенот (лек кој се дава кај хормонско- зависен рак на дојка).

Се смета дека тофуто може да го намали и ризикот кај жените од рак на дојка, а кај мажите го намалува ризикот од рак на простата. Овој заштитен ефект на тофуто се објаснува со фактот што протеините од сојата во човековиот организам се претвораат во антиканцерогени супстанци.

Извор рак.мк

Related Projects
  • Гоџи
    Гоџи
    За имунитет За подмладување Намалува крвен притисок Намалува холестерол Против срцеви заболувања
  • Ленено семе
    Ленено семе
    Маснотии Против срцеви заболувања Семиња Слабеење
  • Комбуха
    Комбуха
    За имунитет За спортисти Против канцер Против срцеви заболувања Слабеење
  • Масло од црно семе
    Масло од црно семе
    За дијабетичари За имунитет Најздрави масла Против канцер Против срцеви заболувања