Рузмаринот е една од билките познати по изобилствотот со хранливи фито-материи, антиоксиданси и есенцијални киселини.Лисјата од рузмарин содржат одредени фито-хемикалии кои имаат значајна улога во спречувањето на развојот на болестите и одржувањето на доброто здравје.

Деловите од растението, особено цветовите, содржат фенолна антиоксидантска рузмаринска киселина, како и бројни есенцијални масла кои го одржуваат здравјето, како што се: цинеол, камфен, борнеол, борнил ацетат, алфа-пинен, итн. Овие соединенија имаат потврден ефект на смирување на иритации, како и антивоспалителни, антиалергиски, антигабични и антисептични својства.

Лисјата од рузмарин имаат само 131 калорија на 100 грама и не содржат холестерол. Покрај хранливите материи, оваа билка содржи и бројни нехранливи состојки кои вреди да се споменат, како што се растителните влакна (37 проценти од препорачаната дневна доза).Рузмаринот содржи многу добра количина витамин А – 2.294 интернационални единици на 100 грама или 97 проценти од препорачаната дневна доза. Витаминот А има антиоксидантски својства и е клучен за добриот вид. Исто така е неопходен за одржувањето на здравјето на слузокожата и кожата. Конзумирањето храна богата со витамин А го заштитува организмот од рак на белите дробови и усната празнина.

Свежите листови од рузмарин се добар извор на антиоксидантскиот витамин, витамин Ц. Содржат околу 22 микрограма на 100 грама или 37 проценти до препорачаната дневна доза. Овој витамин е потребен за синтезата на колаген во организмот. Колагенот е главниот структурен протеин кој е неопходен во телото за одржување на интегритетот на крвните садови, кожата, органите и коските. Редовното конзумирање храна богата со витамин Ц му помага на телото во заштитата од скорбут, создава отпорност на воспалителните агенси (го засилува имунитетот) и помага во собирањето на штетните, воспалителни слободни радикали од телото.

Рузмаринот, без разлика дали свеж или сув, е богат извор на минерали, како што се: калиум, калциум, железо, манган, бакар и магнезиум. Калиумот е важен дел од клеточните и телесните течности и помага во регулацијата на работата на срцето и крвниот притисок. Манганот се користи во телото како кофактор за антиоксидантскиот ензим супероксид дисмутас.Билката е одличен извор на железо, содржи 6,65 микрограма на 100 грама (околу 83 проценти од препорачаната дневна доза). Железото, со оглед на тоа што е клучна компонента од хемоглобинот, го одредува капацитетот за пренос на кислород во крвта.
Оваа билка е популарен зачин на голем број салати, супи, печени зеленчуци и јадења со печено месо.Рузмаринот оди со домати, модар патлиџан, компири и тивкички. Ситно сечканиот свеж рузмарин се користи за приготвување вкусни потпржени компири со рузмарин.Чајот од рузмарин е популарен пијалак во медитеранските земји.

Прочитај повеќе тука.

Related Projects
  • Гоџи
    Гоџи
    За имунитет За подмладување Намалува крвен притисок Намалува холестерол Против срцеви заболувања
  • Ленено семе
    Ленено семе
    Маснотии Против срцеви заболувања Семиња Слабеење
  • Комбуха
    Комбуха
    За имунитет За спортисти Против канцер Против срцеви заболувања Слабеење
  • Масло од црно семе
    Масло од црно семе
    За дијабетичари За имунитет Најздрави масла Против канцер Против срцеви заболувања