Рогач е тип на дрво дрво, чијшто плод го носи истото име. Ова растение го има на поширокиот појас на Медитаранот, во Израел и Кипар.

Плодовите се богати со прехранбени влакна (пектин и лигнин), кои ја подобруваат флората во дигестивниот тракт, ја намалува количината на штетни бактерии, а и го намалуваат нивото на холестеролот. Покрај тоа, тие ги отстрануваат тешки метали и токсични материи од организмот. Постојат докази дека плодовите на рогачот ја спречува појавата на рак и помага за добро функционирање на срцето и бубрезите.

Денес рогачот има широка намена. Содржи природно сладок вкус и многу ароматичен мирис, па затоа се користи како замена за какао при подготовка на торти и колачи. Освен тоа, рогачот има помала калориска вредност од чоколадото (за 2/3) и не содржи оксална киселина која е една од причините за појава на акни кај младите луѓе.

Освен како замена за какаото, рогачот може, исто така, да го замени и кафето. Луѓето кај кои кофеинот предизвикува различни тегоби како што се вознемиреност, тахикардија и висок притисок, или пак имаат дијабетес, би било најдобро наместо кафе да пијат топол напиток од рогач.

rogac

Превземено од Биона Био.

Related Projects
  • Гоџи
    Гоџи
    За имунитет За подмладување Намалува крвен притисок Намалува холестерол Против срцеви заболувања
  • Ленено семе
    Ленено семе
    Маснотии Против срцеви заболувања Семиња Слабеење
  • Комбуха
    Комбуха
    За имунитет За спортисти Против канцер Против срцеви заболувања Слабеење
  • Масло од црно семе
    Масло од црно семе
    За дијабетичари За имунитет Најздрави масла Против канцер Против срцеви заболувања