Во последниве неколку години објавени се многу информации за лековитото дејство на лененото семе. Истражувањата се повеќе се насочуваат кон истражување на улогата на ова семе во превенција и лечење на бројни дегенеративни болести.

Клиничките испитувања и искуства покажаа дека редовното земање на ленено семе ги спречува и глекува следниве болести : рак на дојката, простатата, дебелото црево, белите дробови, итн. Ленено семе содржи 27 различни анти-канцерогени компоненти, од кои едната е лигнин. Тоа содржи 100 пати повеќе лигнин и од најдоброто интегрално зрно. Ниедно досега познато растение ги нема овие исти својства.

Ја смалува телесната тежина

Лененото семе е одлично за смалување на тежината затоа што тоа брзо го снижува нивото на холестерол во крвта. Помага во контрола на телесната тежина и го смалува чувството на глад затоа што содржи големи количини на диетски влакна – има пет пати повеќе од овие влакна од оризот. Ако сакате да ослабете, земете една лажица повеќе, и тоа во попладневните часови.

Органи за варење

Превенира или лечи рак на дебелото црево. Идеално е за тврда столица, желудечни киселини, ја влажни и обновува цревната флора. Помага во ослободување на гастритични гасови. Одличен лаксатив, ги елиминира токсините. Во големи количини ги содржи двете врсти на диетски влакна –  и растворливи и нерастворливите. Содржи повеќе влакна од повеќето житарици.

Нервен систем

Луѓето кои конзумираат ленено семе не се нервно напнати туку смирени. Тоа е идеално за луѓе кои работат под стрес. Ги подобрува менталните функции кај постарите луѓе. Лененото семе е доза на енергија за мозокот затоа што содржи хранливи материи кои на природен начин ги обновуваат мозочните клетки.

Имунолошки систем

Лененото семе ги ублажува алергиите. Затоа што содржи есенцијални масла Омега3,6,9 и голем процент на хранливи материи кои на организмот му се константно неопходни, помага нашиот организам да биде поздрав затоа што го прави поотпорен на разни болести. Корисно е за лечење на анемија.

Кардиоваскуларен систем

Идеално е за лечење на артериосклероза затоа што го елиминира холестеролот кој се “залепил” на ѕидовите, помага кај мултипл склероза, коронарна тромбоза, висок артериски притисок, срцева аритмија, спречува згрутчување на крвта. Редовното конзумирање на  ленено семе го смалува ризикот од кариоваскуларни болести.

Една од посебните особини на лененото семе е тоа што содржи тагландин, кој го регулира крвниот притисок и функцијата на артериите, исто така игра важна улога во метаболизмот на калциумот и во енергијата.

Воспаленија

Конзумирањето на ленено семе влијае врз смалување на воспаленијата на било што – сите болести чии имиња завршуваат на “ИТИС”, како на пример гастритис, хепатитис, артритис, колитис, менингитис, тонзилитис итн.

Задржување на течности

Редовното користење на лененото семе им помага на бубрезите да излачуваат течност ( вода ) и натриум. Задржувањето на вода (едем,оток) секогаш е последица на некое заболување, помеѓу останатото и воспалени зглобови, некои типови на здебелување, ПМС синдром, кардиоваскуларни заболувања.

Помага во справување со првут, акни, опаѓање на коса. Се користи како гел за зацврстување и исхрана на косата.

Виталност

Еден од најзначајните показатели на подобрување при употреба на лененото семе е зголемувањето на снагата и виталноста. Лененото семе има особина да го забрза метаболитичкиот коефициент и дејство на енергијата на клетките. Мускулите се регенерираат од умор после физички вежби.

Дијабетис

Редовно конзумирање на лененото семе помага при контрола на нивото на шеќер во крвта.

Начин на употреба : Две супени лажици ленено семе дневно, смелено и додадено во овошен сок, јогурт, бело кафе или супа (чорба). Може да го конзумираат сите, без разлика на животната доба (како и трудниците).

ленено семе, leneno seme

Related Projects
  • Гоџи
    Гоџи
    За имунитет За подмладување Намалува крвен притисок Намалува холестерол Против срцеви заболувања
  • Комбуха
    Комбуха
    За имунитет За спортисти Против канцер Против срцеви заболувања Слабеење
  • Масло од црно семе
    Масло од црно семе
    За дијабетичари За имунитет Најздрави масла Против канцер Против срцеви заболувања
  • Тофу
    Тофу
    Богато со протеини Веган Намалува холестерол Против канцер Против срцеви заболувања