Гоџи бобиците (lycium barbarum) потекнуваат од Хималаите на Тибет и Монголија. Иако гоџито стана актуелно во последните години, тоа е користено околу 1000 години во Тибет и Кина, и тоа како кулинарски додаток но и како медицина.

Содржина

Овој плод е уникатен помеѓу овошјата бидејќи е единственото овошје кое ги содржи сите есенцијални амино киселини, и има една од највисоките концентрации на протеин. Тоа исто така е богат извор на витамин Ц, 21 минерал, и висока содржина на растителни влакна. Со неговите состојки калциум, цинк, селен и други важни минерали тоа се издигнува дури и над спанаќот и другите богати извори на овие минерали.

Ова неверојатно мало супер овошје исто така содржи: анти-инфламаторни, анти-бактериски и анти-габични состојки. Нивната анти-оксидантска моќ и неговите полисахариди помагаат и во зајакнувањето на имунолошкиот систем, поради што во Кинеската традиционална медицина се верува дека дава долговечност и ја зголемува силата кај луѓето.

Во традиционалната Кинеска медицина, за гоџито е кажано дека помага позитивно на црниот дроб и бубрезите, помага за болки во вратот, вртоглавица и добри се за видот. Тие најчесто се конзумираат дирекно или пак се прави чај или супа од нив.

Конзумирање

Гоџито е најчесто достапно во сушена форма и е супер здрава ужинка. За едноставно да го внесеме во нашиот организам можеме да го  додадеме на муслите или житариците.

Бидете претпазливи дотоклу конзумирате гоџи и примате медицина за дијабетис, или некое хронично заболување и консултирајте се со вашиот лекар.

Гоџи бобинките се препорачуваат за : 

  • заштита на црниот дроб
  • подобрување на видот
  • го спречуваат настанувањето на леукемија и други карциноми
  • намалување на холестеролот
  • подобрување на циркулацијата
  • превенција од срцеви заболувања
  • подобрување на сексуалната функција и плодноста
  • го зајакнуваат имунолошкиот систем
  • го успоруваат процесот на стареењето

Гоџи бобинки

Related Projects
  • Ленено семе
    Ленено семе
    Маснотии Против срцеви заболувања Семиња Слабеење
  • Комбуха
    Комбуха
    За имунитет За спортисти Против канцер Против срцеви заболувања Слабеење
  • Масло од црно семе
    Масло од црно семе
    За дијабетичари За имунитет Најздрави масла Против канцер Против срцеви заболувања
  • Тофу
    Тофу
    Богато со протеини Веган Намалува холестерол Против канцер Против срцеви заболувања