Бразилскиот орев е исклучително богат со селен, и е добар извор на минерали. Одичен извор е на калциум, калиум, железо, фосфор, цинк, бакар и манган, како и на витамините Ц, Е и Б6. Во неговата содржина има и големо количество на омега-3 и омега-6 масни киселини.

Хранителни вредности во 100 г бразилски орев: 650 kkal, 14 г протеин, 67 г масти, 12 г јагленихидрати , 7,5 г растителни влакна.

Бразилски орев :

– го намалува лошиот и го зголемува добриот холестерол во крвта.

– го зајакнува имунолошкиот систем.

– има антиканцероген ефект и го заира развојот на малигните заболувања.

-помага при катарактa

– штити од коронарна болест на срцето и мозочен удар.

– ги заздравува коските и штити од остеопороза.

– не содржи глутен и е корисен за луѓе кои се алергични на глутен.

– ја смирува, навлажнува и подмладува кожата.

 

Бразилскиот орев во исхраната.

Богатата содржина на протеини и влакна го прават бразилскиот орев особено добар за исхрана, бидејќи го контролира чувството на глад и помага при слабеење. Се разбира не треба да се претерува ( не повеќе од 20-30 г дневно), бидејќи не само што има контра ефект, може и да го влоши здравјето. Премногу селен може да доведе до непријатни симптоми  како замор, главоболка и раздранливост.

Текстот е превземен од тука.

бразилски орев

Related Projects
  • Гоџи
    Гоџи
    За имунитет За подмладување Намалува крвен притисок Намалува холестерол Против срцеви заболувања
  • Ленено семе
    Ленено семе
    Маснотии Против срцеви заболувања Семиња Слабеење
  • Комбуха
    Комбуха
    За имунитет За спортисти Против канцер Против срцеви заболувања Слабеење
  • Масло од црно семе
    Масло од црно семе
    За дијабетичари За имунитет Најздрави масла Против канцер Против срцеви заболувања