Ова ситно жито е древна здрава храна која била користена од страна на Ацтеките и Маите како главен извор на енергија.  Ова престижно семе со одличен благ вкус се користел за издржливост илјадници години, а денес ветува надеж за современите болести. Па поради здравствените придобивки од ова семе, расте и неговата популарност.

Чиа семе е најбогат растителен извор на Омега – 3 масни киселини, Омега – 6 масни киселини, антиоксиданси и протеини. Содржи голем процент на диетални влакна и е одличен извор на минерали како фосфор, калциум, манган и цинк.

Што може чиата да стори за вас?

 1. Го стабилизира шеќерот во крвта

2. Ја зголемува концентрацијата и го подобрува расположението

Чиа е одличен извор на есенцијални масни киселини, кои се од клучно значење за концентрацијата и други мозочни функции.

3. Стимулира веднаш, а ја одржува енергијата за подоцна!

Чиа може да обезбеди добра издржливост и енергија со текот на времето што се должи на нејзиното забавување на шеќер, затоа уште се нарекува „тркачка храна“.

4. Ве одржува сити!

Семето всушност набабрува во вода и помага  да се чувствувате сити и потенцијално да јадете помалку.

5. Го намалува холестеролот и го чува здравјето на срцето

Чиа има високо растворливи влакна, кои се покажаа дека помагаат при намалување на холестеролот.

6. Здрав дигестивен систем!

Чиа има и растворливи влакна и нерастворливи влакна. И двата вида на влакна се здрави за дигестивниот систем. Нерастворливите влакна помагаат при чистење на цревниот тракт. А растворливите влакна можат да дејствуваат како пробиотик и да помогнат при хранење на добрите бактерии во дигестивниот систем.

7.Помага да се изгради чиста мускулна маса

Семето е богато со протеини и помага при губење на тежината или правење на мускулна маса

8. Влијае на цврстината на коските

Не само што содржи калциум, семето содржи и минерали кои ја забрзуваат апсорпцијата на калциум во телото.

9. Здрави нокти, кожа и коса

Есенцијалните масни киселини што ги содржи семето помагаат ноктите, кожата и косата да бидат здрави и силни.

10. Максимална хидратација

Се вели дека чиата може да помогне при одржување на хидратацијата, што може да биде многу корисна за издржливоста на спортистите.

 

Семето од чиа  можете да го внесете во вашето секојдневно мени како здрав додаток во напитоци, салати, тестенини, супи, десерти, мусли и останати комбинации. Нема да го промени вкусот на јадењето, туку само ќе ја подобри нутритивната вредност на истото. Започнете да го воведувате постепено 1-2 кафени лажички дневно, а по неколку недели зголемете на 1-2 супени лажици дневно.

чиа семе       чиа семе

Related Projects
  • Гоџи
    Гоџи
    За имунитет За подмладување Намалува крвен притисок Намалува холестерол Против срцеви заболувања
  • Ленено семе
    Ленено семе
    Маснотии Против срцеви заболувања Семиња Слабеење
  • Комбуха
    Комбуха
    За имунитет За спортисти Против канцер Против срцеви заболувања Слабеење
  • Масло од црно семе
    Масло од црно семе
    За дијабетичари За имунитет Најздрави масла Против канцер Против срцеви заболувања