Комбухата е здрав напиток кој се прави од јапонска чајна габа – комбуха. Ја нарекуваат и чај на бессмртноста. Се претпоставува дека оригинално комбухата потекнува од Далечниот Исток, најверојатно од Кина каде се консумирала приближно 2000 години. Првиот запис за користење на комбухата доаѓа од Кина од 221 год. пне, за време на Династијата Tsin. Самото име комбуха потекнува од Јапонија од 415 година. Кореанскиот доктор наречен Комбу или Камбу го лечел јапонскиот Император Inyko со чајот и со комбинација на неговото име “Kombu “ и “cha“ што значи чај, се добила кованицата комбуча или комбуха.Од Русија , напитокот се раширил во Прусија, Полска, Германија и Данска но се чини дека исчезнал за време на Втората Светска Војна. По војната Др. Рудолф Скелнар (Rudolph Skelnar) го обновил интересот за комбухата во Германија кога почнал да ја користи во својата практика при лекување на канцер, метаболички нарушувања, висок крвен притисок и дијабетес.

 

Дејство на комбухата

Најважната компонента, која е во големо количество во екстрактот од комбухата е глукуронската киселина. Модерната наука сѐ уште не успеала да ја синтетизира оваа киселина. Здравиот црн дроб ја создава за да ја прочисти крвта. Отпадните соединенија, кои ги врзува глукоронската киселина прочистувајќи ја крвта се викаат глукороноиди. Eкстрактот од комбуха, поради големото количество на глукоронска киселина, е одличен реге-нератор на црниот дроб. Ја прочистува крвта, а со тоа го релаксира и црниот дроб. Овој додаток во секојдневната исхрана ја поттикнува функцијата на дигестивниот и на имунолошкиот систем. Со редовна употреба на екстрактот од комбуха човекот се чувствува полн со енергија, свежина и виталност. L-млечната киселина е позната како силна антиканцерогена супстанца и затоа концентратот од комбуха е одличен препарат како превенција против ракот. Комплексот од Б витамини исклучително добро дејствува на нервниот систем, како на план на смирување, така и на план на отстранување на хемиските последици произведени како резултат на стрeсни состојби. Умереното консумирање на напитокот кој го произведува чајната габа пружа заштита од разните видови загадување кои доспеваат преку респираторните органи или на друг начин и во нашиот организам и можат да предизвикаат појави на канцерогени заболувања. Русите докажале дека комбухата исклучително им помогнала на рударите на Урал во чистење на организмот и спречување на прерана смрт од вдишувањето на јаглената прашина.

Освен тоа, комбухата врши превенција кај некои видови канцер, зголемувајќи го имунитетот на организмот, а за време на менопаузата ги намалува “валунзите“, иако по непосредното пиење на напитокот може да се почувствува топлина, но тоа е знак дека се забрзува крвотокот што ќе помогне во прочистувањето на организмот од токсични материи и течности. Им помага и на астматичарите и на заболените од бронхитис, како и од кашлица, ја чисти жолчната кеса, помага при колитис, ја запира заразната дијареја, помага при несоница, а се тврди дека повторно воспоставува раст на косата.

Накратко придобивките се:

  • го продолжува животниот век;
  • служи како превенција против рак, го подобрува дишењето;
  • ја ублажува артрозата, позитивно делува кај зглобниот ревматизам;
  • ги чисти крвните садови, поволно делува на регенерацијата на клеточните мембрани и кај срцевиот инфаркт;
  • го подобрува вкусот на јадењата;
  • отстранува пореметување кај црниот дроб;
  • намалува телесна тежина;
  • отстранува мачнина при возењето;
  • помага при појасен херпес и сипаници;
  • донесува олеснување при менопаузата;
  • ги зајакнува мускулите на нозете;
  • ја засилува потенцијата;
  • лекува болести на рацете и нозете,грбот,сива мрена,несоница;
  • ги зајакнува бубрезите;
  • ги омекнува, раствара и чисти жолчните камења;
  • запира прилив;
  • лекува хемороиди;
  • позитивно влијае врз растењето и квалитетот на косата;
  • ја чисти крвта;
  • лекува миом на кожата;
  • отсранува холестерол од крвта;
  • ја збогатува полезната микро флора во цревата;
  • го зајакнува ослабнатиот имунитет;
  • спречува создавање на брчки;
  • ја нормализира кисело-базната рамнотежа;

 

Превземено од wikipedia

Related Projects
  • Гоџи
    Гоџи
    За имунитет За подмладување Намалува крвен притисок Намалува холестерол Против срцеви заболувања
  • Ленено семе
    Ленено семе
    Маснотии Против срцеви заболувања Семиња Слабеење
  • Масло од црно семе
    Масло од црно семе
    За дијабетичари За имунитет Најздрави масла Против канцер Против срцеви заболувања
  • Тофу
    Тофу
    Богато со протеини Веган Намалува холестерол Против канцер Против срцеви заболувања